САД привремено запреа изградба на автопат заради пчела

САД привремено запреа изградба на автопат заради пчела

Сојузна судика во САД привремено ја стопираше изградбата на автопат во предградие на Чикаго бидејќи тоа би можело негативно да влијае врз една врста пчели.

Окружната судика Џерон Џонсон Колман нареди запирање на изградбата на делницата на патот од 10 километри најмалку до 25 април, додека не се провери како тоа ќе влијае врз живеалиштата на ова „пчела со црвеникави шари“(Bombus affinis).

Оваа пчела, ендемска во Северна Америка, минатиот месец е ставена на листата на загрозени врсти.

Објавено е дека пчелата ја „регрутирале“ противниците на изградбата на патот, како и дека заради одложувањето на работите, ќе поскапе овој државен проект. /крај/он/ст