Саздовски ниту потврдува ниту демантира дека излегува од коалицијата на Груевски?!

Саздовски ниту потврдува ниту демантира дека излегува од коалицијата на Груевски?!

Пратеникот од редовите на ГРОМ, Чедомир Саздовски, ниту потврдува ниту демантира дека ги напушта ГРОМ и коалицијата „За подобра Македонија“ и ќе стане независен пратеник. Тој за „Макфакс“ рече дека не сака да коментира шпекулации и најави дека подетаљно ќе информира од понеделник, односно по завршувањето на првиот круг од локалните избори.

Информацијата за наводното излегување на Саздовски од колацијата со Груевски е сè уште неофицијална со оглед на фактот дека сè уште нема известување од собраниските служби за евентуална промена во составот на пратеничките групи. Имено, Чедомир Саздовски сè уште стои потпишан на официјалната страница на Собранието како пратеник од ГРОМ, заедно со Панчо Минов. Во моментот е и заменик-координатор на шестата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Инаку, во политичкото портфолио на Саздовски стои дека до пред неколку години беше член на СДСМ, но во 2013, пред локалните избори изрази несогласување со ставот да не се учествува на локалните избори. Прво настапи со Социјалдемократската унија, а потоа му се придружи на Стевче Јакимовски во формирањето на ГРОМ.

Г.Д.М