Сашо Василевски не дојде на седницата за притворот

Сашо Василевски не дојде на седницата за притворот

Пратеникот Сашо Василевски не се појави на јавната седница во Апелациониот суд на која ќе се расправа дали да му биде укинат притворот.

Во судницата дојде само неговиот адвокат Александар Новакоски, кој барал и тој да дојде на седницата, но Василевски не сакал. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е во притвор за „крвавиот четврток“. Апелациониот суд во текот на денешниот ден се очекува да објави дел од одлуките за евентуално укинување на притворот за дел од осомничените од настаните од 27 април.

В.М.