Светски ден на културната разноликост во Охрид

Светски ден на културната разноликост во Охрид

 Светскиот ден на културната разновидност денеска, 21 мај, по петтипат ќе се одбележи во Охрид. Студенти и професори од повеќе од 15 земји од светот ќе ги презентираат своите национални носии, танци и национални кујни.

 

Официјално отвoрање на настанот ќе се случи утре, во 12 часот, на охридскиот плоштад. Одбележувањето почнува вечер со проекција на филм во соработка со Филмската академија и организаторите, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“. Програмата ќе заврши со концерт.

 

Интеркултурноста е една од најзначајните карактеристики на Универзитетот каде студираат студенти од повеќе од 50 земји во светот .

Наредниот месец во Скопје се одржува Саем за вработување, кој има за цел поврзување на понудата и побарувачката на работната сила. крај/мф/ем