Светско лудило по напивка што речиси секој од нас ја има во кујната

Светско лудило по напивка што речиси секој од нас ја има во кујната

Новиот рецепт за таканареченото суперкафе бил пребаруван на социјалната мрежа „Пинтерест“ дури 218 отсто повеќе во споредба со минатата година. Имено, доколку го внесете зборот суперкафе во пребарувањето на „Пинтерест“, ќе најдете многу рецепти, кои предлагаат во вашата омилена топла напивка да додадете некој дополнителен продукт. За што всушност се работи? Ако може да им верува на новите трендсетери и сладокусци, веќе не е доволно да се пие обично кафе, туку тоа мора да се подобри и надгради.

Едноставно речено, ова значи дека вкусот на кафе пожелно е да се збогати со вкус на кокосов шеќер, куркума или некој протеински прашок.

Од сите понудени додатоци, веројатно најдобра опција е да се избере куркума, која е полна со антиоксиданси и го намалува нивото на шеќерот во крвта, има антиинфламаторно дејство и помага во борбата против депресија.

Доколку, пак, не пиете кафе, напивка од куркума можете да подготвите така што ќе загреете бадемово млеко, на кое ќе му додадете малку куркума, цимет и ѓумбир и доколку сметате дека е потребно, можете да го засладите со мед.