СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го бетонира локалитетот Скупи

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го бетонира локалитетот Скупи

ВМРО-ДПМНЕ преку криминалното и неодговорно владеење, не само што не го заштитуваше културното и историско наследство, туку заради остварување на криминални интереси истото намерно го загрозуваше и уништуваше, реагираат од СДСМ, на изјавата на Валентина Божиновска која рече дека министерот за култура Роберт Алаѓозовски и Социјалдемократскиот сојуз со стопирањето на изградбата на проектот Антички театар Скупи ја потцениле и навредиле маката на илјадници работници, и тоа археолошки работници кои неколку години работеа на тој локалитет.

„Еден од најочигледните докази за тоа е археолошкиот локалитет Скупи. Преку сомнителен тендер со набилдани цени за таканаречена обнова на локалитетот, ВМРО-ДПМНЕ противправно сакаше да изгради сала од бетон замаскирана со травертински плочки и да го осквернави и нагрди археолошкиот локалитет, само за да се остварат нечии криминални интереси“, велат од СДСМ.

Владата предводена од СДСМ, стои во реакцијата, ќе го заштити културното и историско наследство и ќе го спречи секој обид за уништување на објектите од културно и историско значење, заради остварување на нечии криминални интереси.