СДСМ: Лага се информациите за ново задолжување

СДСМ: Лага се информациите за ново задолжување

„ВМРО-ДПМНЕ призна дека Никола Груевски 11 години ја уништуваше економијата, владата на СДСМ ги санира штетите“, порачуваат од СДСМ на обвинувањата од опозицијата дека Владата претерано се задолжува и дека најновата одлука за измена на лимитот за тоа оди во тој правец.

„Со хистерични прес конференции ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и признава дека цели 11 години работеа на уништување на економијата и на штета на граѓаните. Токму тие штети што ги направи Никола Груевски сега ги санира Владата предводена од СДСМ, со одговорно и рационално раководење со јавните финансии.

Лага се информациите што Христијан Делев ги пласира за наводно ново задолжување. Станува збор за редовна процедура со која се носи одлука за нивото на задолжување на домашен пазар што е веќе предвидено во ребалансот на буџетот. 

Се санираат штетите направени во економијата. Навремено се исплаќаат доспеаните обврски на државата, а задолжувањата на домашниот пазар се одвиваат по пониски каматни стапки и поповолни услови. Парите од буџетот се насочуваат за потребите на граѓаните.

Заврши времето на скапи и неконтролирани задолжувања и нетранспарентни трошења на буџетските пари за криминални тендери и провизии што ги спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски на штета на граѓаните далеку од очите на јавноста“, порачуваат од СДСМ.