СДСМ: Нема рецесија, од ВМРО-ДПМНЕ признаваат дека лошо раководеле со економијата

СДСМ: Нема рецесија, од ВМРО-ДПМНЕ признаваат дека лошо раководеле со економијата

Со денешните апсурдни изјави за наводна рецесија, ВМРО-ДПМНЕ призна дека лошо раководело со економијата. ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Сашо Трајков треба да знаат дека податоците за растот на БДП досега се за првите шест месеци од 2017 година, период кога ВМРО-ДПМНЕ сè уште ја водеше Владата и ја држеше Македонија во заложништво, велат од СДСМ во реакцијата на прес-конференцијата на Сашо Трајков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за економијата, немаше неконтролирано да ја задолжува државата, немаше за време на нивното владеење над 600 000 главно млади граѓани да се иселуваат од државата, додека 180 000 граѓани живееја со по 40 денари дневно“, велат од СДСМ.

Оттаму велат дека вистинска потврда за успехот на економските мерки што ги спроведува Владата предводена од СДСМ е растот на бројот на работници во индустријата, кој за август оваа година, споредено со август 2016 е зголемен за 3.1%.

„За првите осум месеци оваа година, во споредба со истиот период лани, бројот на работници во индустријата е зголемен за 1.3%. Направените штети во економијата од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ се санираат, а економијата се раздвижува. Сите ги чувствуваат придобивките од одговорното, домаќинското и отчетно работење на Владата предводена од СДСМ, кое по победата на локалните избори ќе се преслика и на локално ниво“, се вели во рекцијата од СДСМ.