СДСМ: Не постои поштетно задолжување од тоа на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Не постои поштетно задолжување од тоа на ВМРО-ДПМНЕ

По серијата обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ, по повеќето напади кон претходната влада за прекумерно задолжување, сега го прави истото, од власта одговорија дека колку и да прават вакви споредби факт е дека  “поголемо и поштетно задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните на Македонија за време на 11- годишното криминално владеење“ немало досега.

„!ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше расипнички, тајно и нетранспарентно, а парите од скапите задолжувања ги трошеше непродуктивно и за луксузирање и криминално богатење на поединци. Таквиот расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ кон парите на граѓаните резултираше со јавен долг од над 50 отсто од БДП, со околу 500. 000 осиромашени граѓани и над 180.000 граѓани кои живееа со само 40 денари дневно“, стои во реакцијата од СДСМ.

Според оваа партија, ребалансот на Буџетот е првиот чекор кон поправање на економските штети предизвикани од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на парите назад кај граѓаните.

„Преку ребалансот се решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните, се намалуваат животните трошоци и се создаваат услови за придвижување на економијата и за севкупен економски раст.Новата Влада предводена од СДСМ работи во согласност интересите на граѓаните, а предвидените средства од задолжувањата на домашниот пазар се со цел да се обезбеди навремена и целосна реализација на буџетот по најповолни услови што ги нуди домашниот пазар, односно по пониски каматни стапки“, стои во реакцијата од владеечката партија.