СДСМ: Повеќејазичните табли се поставени одамна

СДСМ: Повеќејазичните табли се поставени одамна

Неточни се информациите за наводно поставување нови повеќејазични табли, велат од владејачкиот СДСМ.

„Информациите за наводно поставување повеќејазични табли денеска пред институциите или на патиштата низ државата се целосно неточни и тие претставуваат класични лажни вести. Повеќејазичните информативни табли и патокази што денеска се објавени во неколку медиуми се поставени многу одамна, а граѓаните извесен период сведочат за нивното постоење“, велат од партијата.

Тие велат дека таблите се поставени повеќе од една и пол година.