Со ребалансот на Буџетот ќе се зголеми минималната плата и ќе се реши проблемот на стечајците

Со ребалансот на Буџетот ќе се зголеми минималната плата и ќе се реши проблемот на стечајците

Од ручеци и вечери од по стотици евра, преку скапо платени Мерцедеси, провизии и плацеви, па сè до барокни дворци, функционери на ВМРО-ДПМНЕ и нивни блиски 11 години се луксузраа на сметка на осиромашените граѓани, реагира владејачката СДСМ на изјавата на Анета Димовска од ВМРО-ДПМНЕ која го критикуваше ребалансот на Буџетот што вчера го донесе владата.

„Ребалансот на Буџетот ги следи потребите на сите категории граѓани. Со кратењето на непотребните трошоци за лускузирање, буџетските пари се враќаат назад кај граѓаните, а за прв пат сериозно се крати и премиерскиот буџет, нешто што беше незамисливо во времето на Никола Груевски и Емил Димитриев“, велат од СДСМ.

Со новиот ребаланс, стои во реакцијата, Владата предводена од СДСМ ќе им помогне на фирмите да исплатат нова зголемена минимална плата во висина од 12.000 денари на околу 70. 000 граѓани веќе во септември, трајно ќе го реши проблемот на стечајните работници, а ќе започне и проектот  „Младинска гаранција“ преку која младите ќе имаат можност вработување, доедукација или платена работа во приватниот сектор.