СДСМ: Универзалната сала е руинирана токму поради Коце Трајановски

СДСМ: Универзалната сала е руинирана токму поради Коце Трајановски

Денешната руинирана состојба на Универзалната сала е заслуга токму на Коце Трајановски, кој имаше два мандата на располагање, а не стори ништо за нејзина обнова и реконструкција. Коце Трајановски и Никола Груевски ја оставија да пропаѓа и со негрижата дополнително ја упропастија,  исто како што направија со сите симболи на градот од минатото. Сега вели дека ќе го задржи постојниот облик на салата, а молчеше кога поранешната министерка Елизабета Канческа -Милевска најавуваше дека ќе гради сосема нова зграда во форма на јајце, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Коце Трајановски.

Според партијата, новата градска администрација, предводена од Петре Шилегов, веднаш по победата на 15 октомври ќе го започне процесот за реновирање на Универзалната сала, според најсовремени стандарди за безбедност, техника, за удобност  на гледачите и за пристап до салата.

„После толку години негрижа, Универзалната сала ќе го добие сјајот што го заслужува. Оваа сала повторно ќе биде симбол на градот и место незаборавни концерти и настани“, најавуваат од СДСМ.