СДСМ ќе има митинзи во Пласница, Македонски Брод и Кичево

СДСМ ќе има митинзи во Пласница, Македонски Брод и Кичево

Централниот караван на СДСМ и коалицијата денеска ќе биде со граѓаните во Пласница, Македонски Брод и Кичево.

Денеска со почеток во 20 часот во Кичево ќе се одржи Централниот митинг на СДСМ и коалицијата, каде ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Претходно, Заев ќе се сретне со граѓаните на Македонски Брод. Во 18.30 часот на плоштадот во Македонски Брод ќе се одржи митинг на СДСМ и коалицијата на којшто ќе се обрати претседателот Заев.

Претседателот Заев ќе биде и со граѓаните на Пласница кадешто  во 17.30 часот ќе има обраќање пред граѓаните во центарот на Пласница.