СДСМ ќе одржи митинзи во Охрид и Струга

СДСМ ќе одржи митинзи во Охрид и Струга

Централниот карван на СДСМ и коалицијата денеска ќе има средби со граѓаните во Дебарца, Лабуништа, Вевчани, Струга и во Охрид.

Вечерва во 20.30 часот на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи централниот митинг на СДСМ и коалицијата каде што ќе се обрати претседателот на партијата, Зоран Заев.

Претходно, Заев ќе се обрати на митингот во Струга, кој ќе се одржи во 19.30 часот, во чаршијата.

Заев ќе оствари средби и со граѓаните на Дебарца, Лабуништа и на Вевчани.