Северна Кореја: Азиската турнеја на Трамп само ќе ја зајакне нуклеарната амбиција на Пјонгјанг

Северна Кореја: Азиската турнеја на Трамп само ќе ја зајакне нуклеарната амбиција на Пјонгјанг

Северна Кореја го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека во Азија престојува за да „моли за нуклеарна војна” на Корејскиот полуостров.

Портпаролот на министерството за надворешни работи на Северна Кореја рекол дека турнејата на Трамп била и деловно патување со цел зајакнување на монополот на американската одбранбена индустрија.

Северна Кореја е една од главните теми на разговорите во текот на посетата на Трамп на Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипини.