Седми белградски безбедносен форум 2017

Седми белградски безбедносен форум 2017

Од 11 до 13 октомври во Белград се одржува седмиот „Белградски безбедносен форум 2017“, на кој што учестуваат 120 говорници ширум Европа, меѓу кои, професори, политичари, експерти, а за кој известува „Макфакс“.

Овогодишното мото на настанот е „Градењето заедничка иднина во ера на несигурност“. На настанот, меѓу другите, се очекува да говорат српската премиерка Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, посредникот во низа мировни конфликти, Питер Фјет, Кристијан Даниелсен, директор на Директоратот за проширување на Европската комисија…

Од Македонија учесници на форумот се Институтот за европска политика, ЕПИ, и МОФ. Во сесиите ќе се обратат Александар Јовановски и Дона Костуранова.

Од Белград за „Макфакс“
В. Маглешов