Седум сообраќајни несреќи, еден со тешки и седум со полесни повреди

Седум сообраќајни несреќи, еден со тешки и седум со полесни повреди

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, две сообраќајни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди едно лице (пешак) се здобило со тешки телесни повреди и седум лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 15 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 10 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Од сообраќајот исклучени се 11 нерегистрирани возила. Во текот на изминатиот ден издадени се 80 мандатни платни налози за непрописно паркирање, додека 79 возила се подигнати со „пајак”. Исто така, тројца возачи се санкционирани заради минување на крстосница на црвено светло, 11 возачи бидејќи не дале првенство на минување на пешаци, пет возачи се санкционирани за сторени сообраќајни прекршоци – неправилно престројување и двајца за неправилно престигнување.

Во текот на вчерашниот ден санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин.