Секое бебе се раѓа со 2274 евра јавен долг

Секое бебе се раѓа со 2274 евра јавен долг

Истражувањето на невладината организација „Фајненс тинк“, насловено како „Дали македонските државен и јавен долг се одржливи?“ го процени одржливото ниво на државниот и на јавниот долг под различни макроекономски претпоставки.

Резултатите на студијата покажуваат дека долгот на државата речиси двојно се зголемил во последните 8 години. Секое дете се раѓа со 2.274 евра јавен долг.

Врз база на истражувања на повеќе сценарија за среднорочни вредности на макроекономските варијабли кои влијаат врз динамиката на долгот, одржливите граници на македонскиот државен долг се движат помеѓу 41% од БДП и 48,7% од БДП. Аналогно, земајќи ја предвид просечната разлика помеѓу државниот и јавниот долг границите на одржливост на македонскиот јавен долг се движат помеѓу 51% и 51,9% од БДП.