Села го поддржа Дехари за градоначалник на Кичево

Села го поддржа Дехари за градоначалник на Кичево

„Дозволете ми овде во Кичево јавно да апелирам и да му дадам поддршка на Фатмир Дехари за повторно да биде избран за градоначалник. Но, истотака ќе ми дозволите јавно да го запрашам Али Ахмети со какви пораки тој ќе дојде во Струга, ако веќе јас доаѓам овде во Кичево со порака за заедништво“, изјави Села во Кичево, каде вечерва под мотото „Знаење и храброст” беше претставена изборната програма за локалните избори на Алијансата за Албанците.

Тој порача дека ќе бидат во парламентот кога ќе се носи Законот за јазиците. Гласот за Алијансата за Албанците значи суштинска децентрализација на власта за која ќе се залагаме, бидејќи само така градоначалниците ќе можат да бидат многу поуспешни, вели Села.

Тој додаде дека имале храброст и биле онаму кај што се бираше претседателот на парламентот и кај што се уривала владата каде, како што рече, многу лидери не беа токму на тој ден во парламентот.

Во Домот на културата пред присутните се обрати и носителот на советничката листа од Алијансата за Албанците, Генц Селмани, кој рече дека во Кичево успеале да го убијат стравот. Најави деполитизација на јавната администрацијата, дислокација на депонијата, изградба на градинки во руралните средини, но отворање на канцеларија за привлекување на инвестиции, рече Селмани.