„Сенките на Балканот“ на Бјелогрлиќ премиерно на фестивалот во Сараево  

„Сенките на Балканот“ на Бјелогрлиќ премиерно на фестивалот во Сараево   

Новата серија на продуцентот и режисер Драган Бјелогрлиќ, „Сенки над Балканот“, идната недела ќе биде премиерно прикажана на 23. Филмски фестивал во Сараево.

Посетителите на еден од најголемите регионални фестивали ќе имаат можност в среда, 16 август, премиерно да ја видат првата пилот-епизода на серијата, која од октомври ќе се емитува на националните телевизии во Србија, Македонија, БиХ, Словенија, Црна Гора, како и Руската Федерација.

По успехот со серијалите „Ќе се вратат штрковите“ и „Монтевидео“, Бјелогрлиќ овој пат ќе се претстави со драмски трилер чие дејство се одвива во бурниот период кон крајот на 20-тите години од минатиот век. Балканот како простор на кој се вкрстуваат високата политика, локалните интереси, капиталот и криминалот е амбиентот во кој се одигрува оваа серија.

Освен Бјелогрлиќ, кој ја игра главната улога, во „Сенките над Балканот“ играат и Андрија Кузмановиќ, Гордана Кичич, Жарко Лаушевиќ, Марија Бергам, Горан Богдан, Тони Михајловски и Петар Арсовски.