Се зајакнува соработката во повеќе области меѓу Македонија и Малта

Се зајакнува соработката во повеќе области меѓу Македонија и Малта

Министерот без ресор Едмонд Адеми денеска во Малта оствари средба со министерот за надворешни работи и промоција на трговијата, Кармело Абела.

„Министерот Адеми ја пренесе благодарноста до својот соговорник за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, во декември 2016 година, под уставното име на земјата. Во разговорот министерот Адеми, спомна дека од страна Р Македонија се иницирани предлози за склучување  билатерални договори за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи, како и договори од економска соработка. На тој план министерот Адеми замоли да се определи временска рамка, во насока на динамизирање и потпишување на истите“, соопштија од Владата.

Од страна на двајцата министри се потенцира дека реализација на повеќе прашање од заемен интерес, по потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу министерствата за надворешни работи, ќе се забрза со процесот на политички консултации меѓу двете страни на сите нивоа, меѓуресорска соработка со експертски тимови, по области од заеднички интерес, пред сè од областите на економската соработка и трговијата, образованието, културата, прашањата од работните односи, социјалното осигурување, престојот на македонската дијаспора во Малта, личните документи и други прашања од заемен интерес.

Исто така, Абела ја потврдил силната поддршка на Малта евро-атлантските процеси на Македонија, за што беше договорено и динамизирање на средби меѓу двете земји на највисоко ниво.

За оваа година е највена посета на Македонија од страна на Абела, како и на претседателката на Малта, Мари-Лиуз Калеро Прека.