Синдикатот при ЈП „Водовод и канализација“ ги демантира тврдењата на СУТКОЗ

Синдикатот при ЈП „Водовод и канализација“ ги демантира тврдењата на СУТКОЗ

Синдикатот при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, реагира на денешната прес-конференција на СУТКОЗ.

Макфакс ви го пренесува соопштението во целост:
„Ние како Синдикат во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје имаме извонредна соработка со Александар Атанасов. Во овие 2.5 години сите наши барања во насока на подобрување на условите за вработените се ислушани. Се обнови возниот парк, се набави нова механизација, само за ХТЗ опрема за вработените во овие години се вложени 20 милиони денари, се набавија и нови униформи за инкасаторите и шалтерските работници итн. Овие последни 2-3 години за повеќе пати е подигната безбедноста на вработените и условите во кои работат. Има дисциплина која во минатите години ја немаше, се почитуваат правилата и прописите. На некои тоа не им одговара, односно би кажале на не работниците, кои биле во ЈП Водовод и канализација – Скопје и кои со своето не залагање и не работење биле товар на претпијатието, Град Скопје и граѓаните“, се огласи синдикатот на ЈП. „Истите биле повеќе пати опоменувани и им била дадена шанса повеќе пати да го подобрат своето однесување кон работата. ЈП има обврска пред граѓаните да ја добијат најдобрата можна услуга од наша страна и да водиме сметка нашите вработени да си ги исполнуваат работните задачи. Никој не е казнет или отпуштен од работа без докази, изјави од самите граѓани и сите процедури кои следат. Ние и понатаму нема да дозволиме некој да не работи, на товар на тие што работат и на грбот на граѓаните“, се наведува во соопштението.