Сите 17 приговори на судиите се отфрлени

Сите 17 приговори на судиите се отфрлени

Врховниот суд на денешната општа седница ги отфрли сите 17 приговори од судиите за годишниот распроед на судии. Меѓу седумнаесетте судии кои поднесоа приговори за годишниот распоред се екс-претседателката на Врховен, Лидија Неделкова,  потоа Диана Груевска Илиевска –  судијката за „Поткуп“ и случајот Бучковски, Весна Димишкова – судијката која издаде налог за претрес на СЈО во УБК, потоа Ѓоко Ристов, Љубинка Башеска, Славица Андреевска, Добрила Кацарска, Седат Реџепагиќ, Александар Милошески и други.

Инаку, претседателот на Кривичен Стојанче Рибарев, за свој заменичка ја именува Славјанка Јанковска, која за три месеци ќе замине во пензија, а која донесе решенија дека разговорите од бомбите не се докази.

Предмети по нов ЗКП ќе судат: Моника Бахчовановска, која доаѓа од прекршоци, а ќе води и Кривичен совет е сопруга на Владимир Бахчовановски, партиски кадар на ВМРО ДПМНЕ и директор во повеќе јавни претпријатија.

На овој список се и Софија Лаличиќ споменувана во „бомбите“ која исто така ќе одлучува во Кривичен совет, како и Џенета Бектовиќ, Биљана Коцевска, Верка Костова Спасеска, Милка Васовска Ангеловска, Марин Станески, Весна Петровска тагасовска, Даниела Алексоска Стојановска, Душан Јосифов и двете изненадувања или „деградирање“ на судијките кои до сега судеа организиран криминал: Дијана Груевска Илиевска и Љубинка Башевска. Башевска го судеше „Пуч“, а Груевска: „Ликвидација“, „Шпион“, „Тенковски делови“ и други предмети.

Рибарев, го назначи поранешниот претседател на Основниот суд 1 Владимир Панчевски за шеф на целиот оддел за организиран криминал, претходна постапка, судења, а ќе го води и Кривичниот совет. Во распоредот не пишува кој Совет ќе одлучува кога Панчевски како судија на претходна постапка ќе одбие барање и по жалба ќе се одлучува во негов предмет.

Според новиот распоред, во организиран криминал, без судиите Диана Груевска и Ѓоко Ристов остануваат 6 судии, а како нови, покрај доскорешната вд судијка Татјана Михајлова ќе суди и судијката Лидија Петровска, која го судеше „Насилство во Центар“, а во исто време ќе биде и во кривичен совет и како судија за судска пракса.
Васко Маглешов