Скандал во Шведска, обид да се „намести“ натпреварот Гетеборг-АИК

Скандал во Шведска, обид да се „намести“ натпреварот Гетеборг-АИК

Фудбалскиот сојуз на Шведска соопшти дека натпреварот меѓу Гетеборг и АИК Стокхолм е одложен поради обид тој да биде „наместен“.

„Ова е сериозен напад врз шведскиот фудбал. Никогаш, никогаш нема да дозволиме тоа да се случи“, рекол генералниот секретар на Сојузот, Хакам Сјостранд.

Фудбалскиот сојуз на Шведска преку соопштение објави дека ги истражува наводите дека не еден фудбалер на АИК, во вторникот, му била понудена значителна сума пари за да издејствува неговиот тим да загуби.

Натпреварот помеѓу Гетебори и АИК требаше да се одигра в четврток. крај/мф/нц