Скопјанец загина во тешка сообраќајка на булеверот „Александар Македонски“

Скопјанец загина во тешка сообраќајка на булеверот „Александар Македонски“

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случила трагична сообраќајна незгода во која животот го загубил 36-годишен маж од скопското село Марино.

Според информациите од МВР, вчера одколу 23:30 часот на скопскиот булeвар „Александар Македонски“, Г.С. (36) управувајќи автомобил марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, по што удрил во метални столбчиња, потоа во дрво и во метална кенделабра.

Во незгодата возачот Г.С. од здобиените повреди починал на лице место, додека сопатникот З.М. (38) исто така од скопското село Марино, се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинкса помош бил пренесен во Ургентниот центар, каде бил задржан на лекување на клиниката за трауматологија.

Увид на лице место извршила екипа од секторот за внатрешни работи, а во расчистување на последиците од сообраќајката интервенирале и пожарникарите. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на судска медицина за обдукција.