Скопјанец ја избол сопругата, со тешки повреди пренесена е во болница

Скопјанец ја избол сопругата, со тешки повреди пренесена е во болница

Дваесет и шестгодишен скопјанец со нож ја избол поранешната сопруга. Жената со тешки повреди е пренесена во болница, а напаѓачот е приведен.

Настанот се случил вчера во 18.20 часот во куќа на улица Гвадалахара.

„Во куќата во која привремено престојувала С.Б. (23) од Скопје со своите три малолетни деца дошол нејзиниот сопруг Р.Б. (26) и по кратка семејна расправија, тој со нож ѝ нанел убодна рана во пределот на грбот. Откако С.Б. успеала да избега во дворот, тој ја соборил на земјата и ѝ задал повеќе убодни рани во страничниот дел од телото и во градниот кош“, соопшти МВР.

Жената била пренесена во Ургентниот центар, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на КАРИЛ за понатамошно лекување.

Напаѓачот е приведен, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.