Скопје преполно со љубители на фудбалот во исчекување на УЕФА Суперкупот

Скопје преполно со љубители на фудбалот во исчекување на УЕФА Суперкупот

Скопје е преполно со љубители на фудбалот од целиот свет во исчекување на вечерашниот натпревар од УЕФА Суперкупот, каде што ќе се сретнат двата најтрофејни клуба во Европа – Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Големиот број посетители на неутралната фан-зона, лоцирана на плоштадот Македонија, можеа да се забавуваат и да уживаат во богата музичка програма, голем број спортски натпреварувања и активности, а денеска присутните ги поздрави и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

„Градот Скопје во изминатите 2,5 години, во соработка со УЕФА и ФФМ, се вложи несебично со службите и ресурсите со кои располага за да може да го долови духот на утрешниот натпревар. Организацијата на овој настан е голема одговорност и чест и сметам дека ние како главен град направивме сè за да се подготвиме за големиот број луѓе и туристи што пристигнаа во Скопје. Го повикувам скопјани и денеска да ја посетат оваа фан-зона, каде што ќе можат да уживаат во одличната музика, многубројните спортски игри, да ја искористат можноста да се фотографираат со трите трофеи на УЕФА и, секако, фудбалот. Ви посакувам одлична фудбалска вечер, одлична забава и одличен натпревар“, изјави Трајановски.