Скромен почеток на трговската недела

Скромен почеток на трговската недела

Скромен промет од 6.092 милиони денари и 41 трансакции го одбележаа денешниот трговски ден на Македонската берза. Промет од над милион денари имаше само акцијата на Централниот депозитар за хартии од вредност.

Помина количина од 119 акции по просечна цена од 15.000 денари во блок трансакција, без промена на цената од последното тргување.

Од другите хартии најтргувани беа акциите на Алкалоид АД Скопје со промет од 772.168 денари и Стопанска Банка АД Скопје со промет од 749.450 денари.

Листата на добитници ја предводеше акцијата на Тетекс АД Тетово со раст на вредноста од 3,45% со истргувана количина од 511 лотови, при што заврши на 1.241 денари.

Индексот МБИ10 со пад од 0,33% и заврши на вредност од 2.274,85 индексни поени. /макфакс/