Слободен влез за натпреварите на „Трофеј Македонија“

Слободен влез за натпреварите на „Трофеј Македонија“

Македонската кошаркарска федерација од четврток до сабота ќе биде домаќин на турнирот „Трофеј Македонија“. Во Скопје ќе гостуваат националните тимови на Португалија, Холандија и на Босна и Херцеговина.

МКФ реши влезот на натпреварите во „Борис Трајковски“ да биде слободен за сите натпревари на турнирот.

Распоред на натпреварите:
20 јули (четврток)
18 часот Босна и Херцеговина – Холандија
20.30 часот Македонија – Португалија

21 јули (петок)
18 часот Португалија – Босна и Херцеговина
20.30 часот Холандија – Македонија

22 јули (сабота)
18 часот Македонија – Босна и Херцеговина
20.30 часот Холандија – Португалија

Неколку дена по завршување на турнирот нашите репрезентативци ќе заминат за Бугарија на уште еден пријателски натпревар (28 јули), последен во рамките на подготвителниот период пред почетокот на претквалификациите за СП 2019.