Словачка ќе обезбеди здравствена и социјална грижа за 180 семејства во Скопје

Словачка ќе обезбеди здравствена и социјална грижа за 180 семејства во Скопје

Амбасадорот на  Словачка во Скопје,  Мартин Безак, утре ќе предаде два гранта од по 10.000 евра на  Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”  и на Црвениот крст на Град Скопје.

Првиот грант е наменет за  купување опрема во просториите на Институтот, кои  беа погодени од катастрофалниот пожар во  април, како  мебел, компјутерска техника и климатизација. Со вториот грант ќе се обезбеди комплетна здравствена и социјална грижа за 180 лица во трета доба во Дневните центри во Скопје-Центар, Чаир и Сарај во период од шест месеци.