Словенија и Хрватска покажуваат„мускули“ околу границата

Словенија и Хрватска покажуваат„мускули“ околу границата

 

Во очекување на пресудата на Меѓународниот суд за арбитража за границата меѓу Словенија и Хрватска во Пиранскиот залив, минатата недела имаше инцидент, а според извештаите на медиумите во двете земји имало и  демонстрирање сила меѓу полицијата од двете страни.

 

Љубљански „Дневник“, имено, ја пренесе приказната за словенечкиот рибар Елвина Сабадин  кој на 11 мај бил во риболов во водите на Пиранскиот Залив и по должината на границата со Хрватска. Тој изјавил дека во еден момент му се приближил брод со хрватска полиција со предупредување дека влегол во територијалните води на хрватската држава.Крај/мф