Службеници од Германскиот пензиски фонд ќе советуваат наши иселеници за пензиите

Службеници од Германскиот пензиски фонд ќе советуваат наши иселеници за пензиите

На 7 и 8 ноември службеници од Германскиот фонд за пензиско осигурување ќе одржат советодавни денови во Македонија. Лицата што работеле во Македонија и во Германија ќе имаaт можност да се советуваат и информираат за своите индивидуални права на пензија и од германското и од македонското пензиско осигурување.

Лицата имаат можност да се информираат за најраниот термин за пензионирање и за висината на пензијата, за пресметувањето на стажот и неговото докажување, за постапката за исплата на пензијата, за постапката за поднесување барање за пензија, за инвалидност и друго. Средбите ќе бидат во локалните фондови за пензиско осигурување во Скопје и Тетово во текот на денот.