Смена на актери во телевизиската серија „Преспав“

Смена на актери во телевизиската серија „Преспав“

Улогата на ликот Миле, во популарниот телевизиски серијал „Преспав“, повеќе нема да го игра актерот Владо Јовановски, а во новиот кастинг на негово место веројатно ќе игра актерот Игор Џамбазов. До промената на актерите дошло поради недоразбирањата со продукцијата, што неофицијално дознаваме, ги предизвикал политичкиот ангажман на актерот Јовановски, што кулминираше на кобниот четврток во Собранието, кога активистите на иницијативата „За заедничка Македонија“, предизвикаа инциденти што сега ги расчистуваат надлежните институции.

Продукцијата „Охо“, која ја реализира оваа серија, е воздржана од коментари во врска со оваа одлука. Снимањата ќе продолжат и наскоро ќе се емитува нова сезона со епизоди на „Преспав“.

Овој телевизиски производ е прв со ваков модерен продукциски дизајн кај нас , а „Охо“ го продуцираше  и најпопуларниот серијал за деца „Пет плус“.

Реализацијата на  „Преспав“ е овозможена со средства од Европската Унија. крај/мф/ав