Соботка: ЕУ не смее да заборави на оние што чекаат да ѝ се придружат

Соботка: ЕУ не смее да заборави на оние што чекаат да ѝ се придружат

Европа ако сака да остане обединета, не смее да заборави на оние што чекаат пред нејзините врати, а Западен Балкан повеќепати покажа дека е подготвен да соработува во поглед на потребните реформи и ЕУ би требало да ги прими земјите од тој регион веднаш штом ги исполнат критериумите, порача чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

„Сите тие заслужуваат иста шанса за европска иднина каква што ѝ е дадена и на Чешка. Не мора уште утре да му се придружат на друштвото, но и ние мораме да ја држиме вратата отворена“, истакна Соботка.

Чешкиот премиер предупреди дека воспоставувањето на Европа во две брзини, во која мала група држави членки на ЕУ би се стремеле кон блиска интеграција, а тие што не се подготвени да ги следат во тоа останале на периферија, било грешка, и тоа опасна.