Собранието ги констатираше оставките на пратениците кои беа избрани за градоначалници

Собранието ги констатираше оставките на пратениците кои беа избрани за градоначалници

Собранието ги констатираше оставките на петтемина пратеници кои беа избрани за градоначалници во првиот круг од изборите. На Петре Шилегов, Максим Димитриевски, Сашо Поцков, Стефан Богоев и Коста Јаневски им престана пратеничкиот мандат. На денешната седница собранието ги констатираше и оставките на пратеникот на ДПА, Бардиљ Даути и на пратеникот Зеќирија Ибрахими од Движењето Беса.

Сега се чека Државната изборна комисија да го извести законодавниот дом кои пратеници ќе ги заменат оние на кои им беше констатиран престанок на мандатот. Седницата на која ќе бидат верификувани мандатите на новите пратеници, како што најави претседателот на Собранието, Талат Џафери, треба да продолжи денеска.