Со секира им се заканувал на минувачите на улица „Јордан Мијалков“

Со секира им се заканувал на минувачите на улица „Јордан Мијалков“

Синоќа околу 18 часот на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, А.Д. 51- годишен маж од Скопје со секира во рацете им се заканувал на случајни минувачи, а се обидел и да повреди неколкумина. Во моментот кога Б.Ч. (40) го паркирал возилото, А.Д. со секирата се обидел да го повреди него и неговата сопруга М.Ч.(34) која била со нивното деветгодишно дете.

Напаѓачот со секира го совладала и го привела полицијата. Интервенирале полицајци од Полициската станица Центар.

„ По приведувањето на лицето А.Д. извршено му е алкотестирање и констатирани се 1,78 промили на алкохол во крвта“, велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.