Со туѓи фотографии се претставувал како воен фоторепортер

Со туѓи фотографии се претставувал како воен фоторепортер

Приказната за животот на Едвард Мартинс е толку совршена што на крајот морало да се дознае вистината.

Триесет и двегодишникот од Бразил стана познат во светската јавност затоа што се претставувал како фотограф на Обединетите нации и им продавал фотографии на големите медиумски куќи од воените подрачја.

„Своите“ фотографии му ги продавал и на дописништовото на Би-би-си, кое на крајот решило да ја провери приказната на фоторепортерот. Утврдиле дека тој со години земал фотографии на професионални фоторепортери кои работеле во воени зони, правел мали измени и ги прикажувал како свои.

За неговата популарност придонеле и неговите изјави во медиумите дека бил злоупотребуван како дете, како и дека преживеал леукемија.

Во многубројни интервјуа веродостојно зборувал за своите „искуства“ тврдејќи дека бил ранет во Алепо.

За тоа време заработил многу пари, а сервисот „Гети имиџис“ (Getty Images) наплаќал околу 500 евра за секоја „негова“ фотографија.