Спасовски во Илинден најави фекални канализации за сите села

Спасовски во Илинден најави фекални канализации за сите села

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, вчера на средба со жителите на општина Илинден побара силна поддршка за кандидатката за градоначалник Мартина Ивковска и за советничката листа на СДСМ и коалицијата. Спасовски рече дека секој граѓанин на Македонија за СДСМ е важен и за секого мора да се обезбедат еднакви услови за живеење.

„Мора заеднички да се избориме да имаме здрава вода за пиење, да имаме здра,   животна средина за да имаме здрава нација. Здравјето не смееме во ниту еден момент да го мериме со пари и со проценти колку ќе ставиме на сметка. Затоа целата поддршка на Владата на Македонија ќе ја добијат општина Илинден и идната градоначалничка Мартина, да направиме фекални канализации во сите села, да го изградиме долгоочекуваниот здравствен дом овде во Илинден, да направиме нови детски градинки за овие луѓе што живеат тука и да останат затоа што Илинден е општина што расте, треба тој тренд да го продолжиме“, порача вчера Спасовски од општина Илинден.

Тој најави низа мерки што се во интерес на граѓаните, меѓу кои и можноста да се врати работниот стаж како услов за пензионирање.

„Од јануари воведуваме зелена нафта за земјоделците во Република Македонија за поевтино производство. Воведуваме државна социјална пензија за секој граѓанин во Македонија со 64 години. Кој нема стаж или нема 15 години ќе добие државна социјална пензија, за достоинствена старост, да не зависи од никој. Најавувавме и враќање на условот за стаж за пензионирање, покрај старост 62 години за жени и 64 години за мажи, нашите граѓани ќе можат да се пензионираат и со 35 години стаж за жени или 40 години стаж за мажи. Тоа е можност за сите оние што имаат стаж, но не ги исполнуваат годините на старост, да имаат соодветни примања“, рече потпретседателот Спасовски.