Србија: Ќе се менува раководството на РТС поради „необјективното известување“ за протестите

Србија: Ќе се менува раководството на РТС поради „необјективното известување“ за протестите

 

Српскиот министер за труд Александар Вулин најавил дека ќе побара смена на раководството на државната телевизија РТС, со објаснување дека јавниот сервис не известува објективно за протестите во Белград и Србија, пренесуваат српските медиуми.

 

Вулин за ТВ Пинк изјавил дека за ова ќе разговара со коалициските партнери и дека на седница на Владата, како нејзин член, ќе побрака смена на врвот на РТС.

 

Тој оценил дека раководството на РТС не треба да се „плаши од протестите“ и дека државната телевизија не известува објективно за протестите кои се случуваат во Белград и градовите ширум Србија.

 

„Ако има сто луѓе, тогаш тоа се сто луѓе, а не илјада, и за тоа да има прилог од три минути“, рекол Вулин, запрашувајќи „зошто РТС не е реформиран“, оценувајќи дека раководството на телевизијата не треба да им се додворува на оние кои сакаат да ги сменат./крај/мф/бс