Почна средбата Заев – Ахмети

Почна средбата Заев – Ахмети

Трае средбата на мандатарот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во седиштето на СДСМ, со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Ова е прва средба по добивањето на мандатот.

Ахмети пред отпочнувањето на преговорите не сакаше да коментира за позициите на ДУИ како коалициски партнер на СДСМ.

Заев ќе има средби и со претставници од движењето „Беса“ како потенцијален владин партнер, чиешто учество во владата е неизвесно.

Според Уставот, новиот мандатар  има 20 дена за екипирање на новиот владин состав, сепак, Заев по доделувањето на мандатот посочи дека очекува преговорите за формирање на владиниот кабинет да завршат многу порано од предвидениот рок,  односно за десетина дена.