Средба Заев – Брглез: Словенија е силен поддржувач на Македонија на патот до ЕУ

Средба Заев – Брглез: Словенија е силен поддржувач на Македонија на патот до ЕУ

Добро е да се види некој со визија, Словенија го префрлува фокусот на Македонија, рече претседателот на словенечкиот парламент Милан Брглез по сребата со премиерот Зоран Заев.

„Ви честитам за сè што постигнавте по политичката криза и за успешните позитивните промени што се случуваат внатре во државата, во односите со соседите и на меѓународен план. Република Словенија останува силен поддржувач на развојот на Македонија, ќе помогнеме во евро-атлантските интеграции, фокусот од Црна Гора го префрлуваме на Македонија, сега е време Република Македонија да влезе во НАТО“, порача словенечкиот претседател на парламентот, Брглез.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во име на граѓаните се заблагодари за пријателската, принципиелна и конструкивна поддршка од Република Словенија.

„Го заокружуваме успешно првиот дел од реформскиот план 3-6-9. Владата и институциите во соработка со граѓанското општество и со пријателите на Македонија од ЕУ и НАТО работат посветено за да им осигурат квалитетен живот на граѓаните и заедно со тоа низ добрососедската и регионална соработка реализација на стратешките евро-атлантски цели“, рече премиерот Заев.

Воедно, Заев ги повика да се охрабрат словенечките биснисмени и да инвестираат во Македонија со цел интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.