Столтенберг следната недела во посета на Македонија

Столтенберг следната недела во посета на Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, следната недела, среда и четврток, ќе престојува во дводневна посета на Република Македонија, информираат од Владата.

Во рамките на посетата предвидено е Столтенберг да оствари средби со државниот врв, со министри, како и со некои од претседателите на политичките партии.

В четврток генералниот секретар и претседателот на Владата, Зоран Заев, ќе одржат заедничка прес-конференција.