Стоп за прекумерното потење

Стоп за прекумерното потење

Нарушувања кои се поврзани со зголемено потење се нарекуваат хиперхидроза. Хиперхидроза е екстремно, екцесивно потење, кое е независно од климата, сезоната или физичката активност.

Како може да помогне ботокс третманот?

Ботокс неуротоксин третманот помага во контролирањето на симптомите од екцесивно потење кога вообичаените медицински помагала не покажуваат особен успех – на тој начин што времено ги блокира хемиските сигнали од нервите што ги стимулираат потните жлезди. Кога потните жлезди не ги примаат хемиските сигнали, екцесивното потење престанува. Се очекува дека ботокс инjекциите времено ќе го запрат продуцирањето пот само во третираните области.

Потта останува да се произведува на сите други нетретирани места. Вашата пот не оди никаде и не се задржува внатре, едноставно потта не се продуцира повеќе во областите третирани со ботокс. Запомнете дека остатокот од вашето тело може слободно и на нормален начин да ја произведува вообичаената влажност.

Ботокс во третман на прекумерно потење се употребува: под пазуви, на чело, дланки и табани.

Самата процедура е релативно вообичаена и трае од 10 до 15 минути. Мала количина разреден ботокс се инјектира плитко во третираната регија преку многу тенка игла. Метода која дава најдобри резултати, сосема безбедна со ефект што трае до 1 година.

Симптомите постепено ќе се вратат, тогаш пациентот ќе знае дали е време за повторен третман. Доколку се одлучите да не продолжите со понатамошен третман, потењето постепено ќе се врати на својата пред-третирана состојба. Ефектите од ботокс третманот постепено исто така ќе исчезнат и вашиот вообичаен начин на потење во целост ќе се врати.

Ботоксот не е отров. Тоа е, всушност, лекарски препишан производ. Исто така е еден од најшироко истражуваните лекови во светот и милиони пациенти го користат. Покрај тоа, со производот е дозволено да се ракува само од страна на обучени специјалисти. крај/мф