Стравот од Надал го откажа Федерер од Ролан Гарос

Стравот од Надал го откажа Федерер од Ролан Гарос

Поранешниот австралиски тенисер и еден од најдобрите дубл играчи на сите времиња, Тод Вудбриџ, изјавил дека Роџер Федерер решил да не настапи на Ролан Гарос бидејќи се плаши од дуел со Рафаел Надал.

Федерер брилијантно ја започна новата сезона, освои три титули и три пати славеше против Надал, но потоа Шпанецот на својата омилена подлога освои три титули во низа.

„Кога ќе го погледнете распоредот на Федерер за оваа година, мислам дека станува јасно, Роланд Гарос не беше во неговите планови. Иако рече дека ќе игра, тоа само ќе му ги пореметеше плановите за остатокот од сезоната. Мислам дека го гледал Надал и дека му станало јасно дека на подлогата на која Шпанецот со години доминираше нема да има шанси против него. Хипотетички и да се сретне во финалето на Ролан Гарос исходот ќе беше ист како и во минатото кога играат тука, без оглед на тоа што Федерер три пати славеше оваа сезона. Ќе беше тоа само реприза на сите минати години кога Надал на земјана подлога доминираше против Федерер“, рекол Вудбриџ.

Иако Федерер нема да игра на Ролан Гарос, Вудбриџ смета дека тоа нема да ги поремети неговите планови за Вилмблдон, иако како што вели „еден вид на притисок ќе му преставува формата на Надал“. крај/мф/нц