Стружанец ја тепал и затворал сопругата

Стружанец ја тепал и затворал сопругата

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело телесна повреда при вршење семејно насилство, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Г.Д. (43) од струшкото село Ложани.

На 29 јуни годинава околу 22 часот во семејниот дом во селото Ложани поради нарушени брачни односи, настанала жестока вербална расправија на пријавениот со неговата сопруга. Во еден момент од караницата Г.Д. физички ја нападнал сопругата, силно стегајќи ја со рацете во пределот на подлактниците и надлактниците и влечејќи ја со цел да ја затвори во собата за да не излегува од дома. Притоа тој предизвикал страв и вознемиреност кај сопругата и ѝ нанел видливи телесни повреди кои подоцна биле констатирани во Општата болница во Струга.