Судијката Добрила Кацарска ќе му суди на Груевски за „Тенк“ – кривичен го објави распоредот на судии за предметите на СЈО

Судијката Добрила Кацарска ќе му суди на Груевски за „Тенк“ – кривичен го објави распоредот на судии за предметите на СЈО

Основниот суд Скопје 1 на веб-страницата објави кои судии ќе ги судат предметите на специјалното јавно обвинителство и предметите што се од интерес на јавноста откако новиот претседател Иван Џолев на крајот на годината го донесе новиот распоред на судии. „Тарифа“ ќе го суди судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а „Трезор“ и „Таргет/Тврдина“ судијкта Џанета Бегтовиќ.

Предметот „Тенк“ ќе го суди судијката Добрила Кацарска, која тврдеше дека во кривичниот суд се делат предмети на рака, а поднесе кандидатура за претседателка на Апелациониот суд во Скопје. „Монструм“ „Титаник 2“  и ТНТ ќе ги суди судијата Огнен Ставрев, кој своеврмеено се побуни против експретседателот на судот, Владимир Панчевски. „Топлик“ и „Тендери“ ќе ги суди судијата Осман Шабани, „Траекторија“ останува да го суди судијата Горан Бошевски (по стариот распоред).

„Триста“ и „Транспортер“ ќе ги суди судијката Добрила Кацарска. „Сопот“ и „Шпион“ ќе ги суди судијата Владимир Туфегџиќ. „Монструм“ – судијата Огнен Ставрев, а случајот „Тортура“ – судијката Александра Ристеска. „Титаник 3“, предметот за изборни измами, ќе го суди судијката Оља Ристова.  „Насилство во Општина Центар“, каде што првообвинет е Никола Груевски, ќе го суди судијата Душан Јосифов, а „Труст“ останува да го суди судијката Лидија Зимбовска.

В. М.