Судот дозволи делумно спроведување на уредбата на Трамп

Судот дозволи делумно спроведување на уредбата на Трамп

Апелацискиот суд во Калифорнија дозволи најновата уредба на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана за влез во земјата на државјаните на шест земји со мнозинство муслимански жители делумно да стапи во сила со забрана за влез за оние што немаат семејна врска со САД.

Судот во Сан Франциско делумно го одобри барањето на администрацијата на Трамп, да се блокира претходната судска одлука поради која уредбата на Трамп не е применета, пренесе „Ројтерс“.

Забраната се однесува на државјаните на Иран, Либија, Сирија, Јемен, Сомалија и на Чад, но не и на државјаните на Северна Кореја и Венецуела за кои Трамп исто така бара забрана.