Судот пресуди дека компанијата „Тепко“ и владата се виновни за катастрофата во Фукушима

Судот пресуди дека компанијата „Тепко“ и владата се виновни за катастрофата во Фукушима

Окружниот суд во Фукушима пресуди дека електрокомпанијата „Тепко“ и јапонската влада се одговорни за настанатата штета по нуклеарната катастрофа во 2011 година, во која загинаа повеќе од 18.000 луѓе.

Станува збор за најголема групна тужба против една компанија и една влада. Со пресудата е одредена штета во износ од 500 милиони јени или 4,4 милиони долари.

3.800 луѓе од оваа префектура поднесоа заедничка тужба, а повеќе од 30 слични парници беа поведени во државата. Повеќето пресуди досега беа во корист на оштетените граѓани.

Компанијата „Тепко“ е обвинета дека ги игнорирала заканите од елементарни непогоди за нуклеарната електрана.

Во март 2011 година силен земјотрес и цунами предизвикаа нуклеарна катастрофа во Фукушима.