„Супер радио“ носител на повелбата – патрон на градот „Св. Климент Охридски“

„Супер радио“ носител на повелбата – патрон на градот „Св. Климент Охридски“

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, од пристигнатите пет апликации одлучи проф. Ангела Крстаноска-Василевска и „Супер радио“ да бидат добитници на повелбата – патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за 2017 година.

Во образложението на комисијата стои дека „Супер радио“ неодамна го одбележа јубилејот 25 години и дека е препознатлив бренд во радионовинарството не само во Охрид туку и во Република Македонија.

„Супер радио“ прослави четвртина век од своето постоење. Одекна во етерот во 1992 година со препознатливата најава „Четири годишни времиња“ од Вивалди и говорот на тогашниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.