Суспендирани нови 15 припадници на полицијата: Меѓу нив и помошник-министерот за телекомуникации, Небојша Стајковиќ

Суспендирани нови 15 припадници на полицијата: Меѓу нив и помошник-министерот за телекомуникации, Небојша Стајковиќ

 

МВР суспендира нови 15 припадници, кои на 27 април не дејствувале професионално  за време на нападите врз пратениците во Собранието. Меѓу нив е и помошник-министерот ангажиран за телекомуникации, Небојша Стајковиќ, кој ќе сноси одговорноста за нефунцкионирањето на тетра-системот за снимање на командите во главните управи во МВР, како што се УБК, Бирото за јавна безбедност и шесттата управа.

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, неодамна за Алсат М најави целосна истрага зошто уште до 2014 година не работел т.н. тетра-систем за регистрација на командите.

„Веднаш побарав увид и проценка дали се снимени сите команди што се дадени во тетра-системот. Повикав германски експерт којшто оцени дека два сервера не биле вклучени на апаратот за снимање и оти тој не функционира од 2014 година.“, изјави неодамна Агим Нухиу, министер за внатрешни работи. крај/мф/кс